Ресторан Шалом веќе подготвен да ги дочека гостите кои ќе го посетат Струмичкиот Карневал!

Струмичкиот карневал е годишен карневал што се одржува во Струмица и е еден од најзначајните обичаи и традиции од таков вид во Македонија, којшто отишол можеби најдалеку во својата трансформација од сите традиционални игри под маски, како по времето на одржување, така и по својата цел и функција.

Струмичкиот карневал се одржува традиционално секоја година во рамките на тримерските денови, односно на почетокот на големиот Велигденски пост, а и самото име „карневал“, (лат.c a r n e – месо и v a l i – збогум, односно „збогум месо“), нѝ асоцира на почеток на пост, а во овој случај тоа е Велигденскиот пост.

Post a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *