РЕСТОРАН ШАЛОМ го прослави својот прв роденден
На роденденската прослава присуствуваа нивните пријатели и соработници. Неизоставен дел од роденденската забава секако беше и специјално приготвената роденденска торта.
Инаку, Ресторан Шалом го носи името од хебрејскиот јазик, на кој зборувал Исус Христос и значи мир, хармонија и благосостојба меѓу луѓето.
Ресторан Шалом комбинира традиционалните и современи јадења,а може да ги задоволи апетитите на секој посетител, почнувајќи од традиционалните кујна до модерните светски вкусови.Зголемувајќи ги критериумите, тој успеа да се разликува од другите ресторани и да стане ресторан со највисок ранг со максимален број ѕвезди во Македонија.