Една година од отворањето на еден од најлуксузните ресторани во државата

По повод една година од отворањето на еден од најлуксузните ресторани во државата, ресторанот „Шалом“ во Струмица, денеска на првиот ден од Божик, во Црквата „Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“, персоналот на овој ресторан ги почастија верниците кои доаѓаа во Црквата, со вкусна баклава.

Околу 1000 парчиња традиционална струмичка баклава, подготвени во кујната на „Шалом“, вкусија верниците, а имаше и по некое парче за по дома. „Шалом“ со својата уникатност, услуга и квалитет на понудата, го подигна нивото на угостителството во Струмица за уште еден степен, бидејќи според многумина станува збор за ресторан по сите светски стандарди и нормативи.

На околу 500 метри квадратни со неколу шанкови, отворени кујни со изложени специјалитети од сувомеснати производи, овој ресторан директно ја нуди својата палета на висококвалитетни јадења до посетителите кои можат да ги вкусат пред да ги порачат.

Тимот на готвачи за подготвување на вкусната храна во „Шалом“ се членови на ММЦЦ здружението на најдобрите македонски готвачи, кои позади себе имат огромен број медали, награди и признанија на регионални и Европски натпреварувања. Сопственици на ресторанот се познатите струмички бизнисмени, Јорданчо Јанев – Дано и Доне Карастоев.

Post a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *